Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата спречи упад во домот на Канческа-Милевска

Полицијата спречи упад во домот на Канческа-Милевска

Полиција не им дозволи на демонстрантите од движењето „Македонија Бојкотира“ да дојдат пред домот на координаторката на новата пратеничка група во македонското Собрание, Еизабета Канческа-Милевска.

Овој пат органите на редот ја затворија уличката во скопската населба Пржино која води до домот на поранешната министерка за култура за да и го предадат протестното писмо по гласањето за уставните измени.

Полицијата воведе рестрикција на пристапот кон домот на пратеничката, откако минатата недела предводникот на „Македонија Бојкотира“ - Јанко Бачев му упати погрдни зборови на пратеникот Сашо Василевски кога овој излезе да ги пречека пред неговиот дом во Охрид.

Членовите на движењето говорот го одржаа пред полицискиот кордон.


Слично

Поврзани вести