Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата соопшти детали за двојното убиство и самоубиство во Велес

Полицијата соопшти детали за двојното убиство и самоубиство во Велес

Полицијата потврди дека маж денеска во Велес ги убил поранешната партнерка и нејзиниот татко, па се самоубил. 

Според полицијата, во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. 

„На местото излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за Р.К.(31) од Велес, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт. Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и К.К.(68) , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И.С.(39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт“, соопшти полицијата.

Увид врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Слично

Поврзани вести