Полицијата со нови детали: Еден маж ја турнал жената од трет кат во Охрид, друг гледал
МВР во нови детали што ги објави, открива дека жената која пред четири дена падна од трет кат од социјална зграда во Охрид била турната од еден од двајвцата мажи кои во моментот биле со неа во иста просторија, додека второто лице иако било очевидец, не реагирало.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против Е.М.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 08.03.2024 околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „ Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал М.О.(39) од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Второпријавениот Е.М., кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело“,објави денес СВР Охрид.
Во петокот двајца мажи на вораст од 32 и 21 година се уапсени откако жена падна од третиот кат на зграда каде се сместени социјално ранливи семејства на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид. Во 11:10 часот бил пријавен случајот за пад на женско лице од трети кат од зграда. Жената со тешки телесни повреди со возило на Службата за итна медицинска помош била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
СВР – Охрид соопшти дека во врска со настанот во 11:45 часот на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, биле лишени од слобода лицата А.Д.(32) и Е.М.(21), двајцата од Охрид.
Според првичните информации, станува збор за жена од Скопје, која била во врска со еден од станарите. Лишени се од слобода две лица.Социјалната зграда има околу 70-тина станови и е позната по расфрланиот отпад, а тука често има нарушување на јавниот ред и мир и кражби од несовесни станари кои им го отежнуваат животот на останатите станари во зградата и на околното население. Станарите се жалат дека зградата е упропастена и никој не води сметка за нивната безбедност.
