Полицијата со нови 50 ласерски радари од 21 милиони денари
Денеска МВР ги презентираше новите ласерски радари наменети за потребите на сообраќајната полиција опремени со уред за ноќно снимање. Од министерството велат дека овие се далеку посупериорни од досегашните.
Набавката е вредна 21,25 милиони денари, а од таму велат дека е направена според актуелните европски полициски стандарди.
- Уверен сум дека со овој нов зафат уште повеќе ќе се зголеми ефикасноста и квалитетот на сообраќајната контрола што, пак, треба да даде свои резултати во зголемување на нивото на безбедност на сообраќајот на патиштата, рече министерот Оливер Спасовски на презентацијата.
Со оваа набавка, велат од МВР, министерството е единствено во регионот кое располага комплетно со уреди од последната генерација, од кои невозможно е да се избрише снимениот материјал, при што бројот на уреди за брзина и алкохол по глава на жител е на исто или на повисоко ниво од земјите од Европската Унија.
Слично
