Полицијата со детали за трагичниот настан на плажа во Охрид во кој за да помогне учествуваше и министерот Филипче
Министерството за внатрешни работи објави детали за немилиот настан на плажата кај Метропол вчера, трагичен случај во кој за да помогне учествуваше и министерот за здравство Венко Филипче кој се најде таму. За жал не успеа да го врати во живот сега починатиот кај кого е констатирана смрт без траги на насилство.
„На 14.08.2021 година во 19.05 часот, во СВР Охрид, од Итната медицинска помош е пријавено, дека на плажа во близина на хотелски комплекс во Охрид има починато лице. Од увидот било констатирано дека станува збор за С.Н.(71) од Скопје. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, стои во полициското соопштение.
