Полицијата со детали за несреќите во штипско: Девојката пронајдена мртва во плевна, има и проштално писмо
Полицијата потврди дека е пронајдена мртва 21 годишна девојка утринава во штипското село Аргулица. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова изјави дека утринава во 9.20 часот полицијата добила повик од Итната медицинска помош за пронајдено женско тело во семејна плевна. Извршен е увид на местото, а јавен обвинител наредил и обдукција на починатата девојка. Вчера на локалитетот Баргала мртов беше пронајден 25-годишник, а првичните сознанија се дека двете самоубиства се поврзани односно тие двајцата биле во љубовна врска која не била дозволена.
Мештаните од селото за локалните медиуми велат дека девојката била мирна и вредна, а постојано им помагала доколку им била потребна медицинска помош, бидејќи работела во штипското Инфективно одделение како медицинска сестра, особено сега во пандемијата. Наводно, покрај телото на девојката утринава е пронајдено и проштално писмо.
Претходно беше јавено дека завчера кај археолошкиот локалитет Баргала се обесило 25-годишно момче. Неговото тело го пронашле локални жители. Полицијата извршила увид, а телото било предадено на обдукција.