Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата со детали за апсењето на браќата Бојку

Полицијата со детали за апсењето на браќата Бојку

Полицијата соопшти детали од вчерашната акција во која беа уапсени синовите на ликвидираниот Дилавер Бојку Леку. Во акцијата уапсен е Ербен Бојку кој е баран и осуден за отслужување на казна затвор од 21 година за многу кривични дела меѓу кои и убиство. Со него приведен е и брат му бидејќи и тој имал пиштол. 

„На 19.03.2021 околу 21.45 часот на патот Струга-Дебар, пред селото Велешта полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага во соработка со ОСОСК и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишија од слобода Е.Б. (35), кој се барал со потерници од Основен суд Струга по чл.123, чл.396 и чл.244 од КЗ на РСМ, осуден на казна затвор од 21 година“, велат од МВР.

Нивниот татко, познат како макро и бизнисмен Дилавер Бојку – Леку кој е и осуденик, беше убиен пред својата кафеана на плажа во Струга во 2017 година. Сите детали за животот на Бојку овде


Слично

Поврзани вести