ПОЛИЦИЈАТА СО ДЕТАЛИ: Оштетени се три икони поставени на крстот во Драчево
Оштетени се три икони поставени на крстот во Драчево.
Во СВР Скопје вчера во 12.20 часот е пријавено дека во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, во периодот од 28 до 30 септември со остар предмет се оштетени три икони кои биле поставени на крстот во паркот.
Увидна екипа од Полициската станица Драчево била на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Големиот крст во населбата Драчево беше осветен оваа пролет, на верскиот празник Цветници.
Слично
