Полицијата се уште трага по екс-министерот Љупчо Димовски, тој вели дека е достапен
МВР се уште е во потрага по поранешниот министер за земјоделство, водостопанство и шумарство Љупчо Димовски. За разлика од него, веќе се приведени Аце Спасеновски и Михаил Цветков, кои исто така го водеа овој ресор и сите тројца се сопартијци од Социјалистичката партија. Приведен е и Христијан Делев, поранешен заменик-министер за економија. Сите четворица се гонат за злоупотреба на субвенции и земјоделски површини.
Тројцата приведени се однесени во суд на распит, а Димовски кој се уште е на слобода веќе се јави на повикот од редакцијата на Фокус“ за кои изјави дека пред малку бил информиран дека полицијата го бара.
-Ми се јавија да ми кажат дека наводно полицијата ме бара, но тие знаат каде можат да ме најдат. Не знам за што точно сум осомничен, но сепак ќе го ангажирам мојот адвокат и ќе видиме за што станува збор, ни изјави Димовски, коментирајќи дека нема што повеќе да каже - рече актуелниот пратеник кој е во коалиција со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
