Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата се префрли од Арачиново во Мојанце

Полицијата се префрли од Арачиново во Мојанце

Акцијата на редовната полиција и специјалните сили втор ден продолжува во Арачиново по вооружениот грабеж на два тони легално произведен канабис во фабрика во валандовско Јосифово.

Овој пат Телма информира дека акцијата од Арачиново се префрлила во соседното Мојанци. Неофицијално, има двајца приведени, а се трага по преостанатите членови на бандата.

До сега се изминати 15 часа од претресите кои и натаму продолжуваат на излезот од селото Арачиново. Пронајден е и камионот, кој е без приколката и истовремено е пломбиран.

Од МВР засега информациите се дека се работи само за поголема количина канабис и се чека да заврши акцијата, по што ќе следува известување.

Денеска единствено преку видеа на социјалните мрежо можеше да се види како се изнесува канабисот од селото со полициски конвој.


Слично

Поврзани вести