Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИЦИЈАТА РЕГИСТРИРАШЕ ЧЕТИРИ ИНЦИДЕНТИ: Имало навреди и фотографирања

ПОЛИЦИЈАТА РЕГИСТРИРАШЕ ЧЕТИРИ ИНЦИДЕНТИ: Имало навреди и фотографирања

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски изјави дека од отворањето на гласачките места досега се регистрирани вкупно четири инциденти. 

На гласачкото место во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром К.Ж. (22) навредувал граѓани и физички нападнал полициски службеници поради што е приведен во полициската станица.

„Осумдесетгодишен маж од Зубовце, Гостиварско, пријавил дека бил навредуван во врска со референдумот од 64-годишната С.М. Таа е повикана во полициска станица и се работи на расчистување на случајот. Во Струга, пак, пријавено е фотографирање со мобилен телефон од тераса на зграда близу избирачкото место во ОУ „Браќа Миладиновци“ на улицата „Јован Стефаноски – Риле“. Веднаш се преземени мерки и лицата се однесени во полициската станица“ - изјави Ангеловски.

Четвртиот инцидент е на гласачкото место во ОУ „Ванче Прќе“ во Штип. Б.О. пријавил дека при достава на храна на избирачкиот одбор бил фотографиран и навредуван од Е.С. Лицето е во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Ангеловски повика граѓаните да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир и на тајноста на гласањето. Секое спротивно однесување на законите МВР нема да го толерира. 

Слично

Поврзани вести