Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата растури свадба во Врапчиште

Полицијата растури свадба во Врапчиште

Полицијата денеска растури свадба во Врапчиште, во околината на Гостивар. 

Полициски службеници од СВР Тетово околу 15.40 часот го привеле А.З. (56) од с. Врапчиште,  пред чија куќа била организирана свадбена веселба, на која присуствувале триесетина гости.

А.З. е задржан во Полициска станица Гостивар и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Во истото село и претходно полицијата прекинуваше свадби. Поради пандемијата на коронавирусот, свадбите и други веселби и собири се забранети. 

Слично

Поврзани вести