Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата распиша меѓународна потерница за осомничен во „Двојник“

Полицијата распиша меѓународна потерница за осомничен во „Двојник“

Полицијата распиша меѓународна потерница за осомничен во случајот „Двојник“. 

На сајтот на Министерството за внатрешни работи (МВР) се појави потерница за осомниченото лице во случајот „Двојник“, кое е во бегство. Се работи за Раиф Мифтари од Скопје. Тој е осомничен за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања пропишано во членот 353 од Кривичниот законик.

За Мифтари е одреден притвор кој ќе стапи на сила при евентуалното негово пронаоѓање. Покрај него, во случајот со издавањето македонски пасоши осомничени сè уште 10 лица. Од нив, шест се во притвор за овој случај, додека еден осомничен од претходно е во притвор во постапка кој се води за незаконско издавање возачки дозволи. Со крадење на туѓ идентитет, 215 луѓе, од кои 214 се странци се здобиле со македонски пасош. Меѓу нив се наркодилери, криминалци, лица од висок ризик. 

Истрагата ќе продолжи и се проширува. Дали имало и други лица кои им помагале и биле вмешани во истрагата, ќе се знае во наредниот период за кога се очекува со официјални детали по завршување на истрагата од Основното јавно обвинителство, Скопје.


Слично

Поврзани вести