Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата распиша меѓународна потерница за нарко-босовите од Грчец

Полицијата распиша меѓународна потерница за нарко-босовите од Грчец

Полицијата распиша меѓународна потерница за нарко-босовите од селото Грчец. 

Минатата недела во акцијата „Планина“, полицијата успеа да приведе неколку лица, но главните успеале да побегнат, и по нив сега се трага со потерница.  Се работи за Седат Бајрами, Бесир Љатифи, Егзон Зендели, Сенат Љатифи, Иљаз Муареми и Исмаил Рогачи. Претходно беа уапсени 21 лице во акцијата.


Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска, претходно соопшти дека цела година двајца јавни обвинители заедно со истражители од ова обвинителство, ги следеле двете криминални групи чии членови беа уапсени во голема полициска акција „Планина“ во Грчец и Гази Баба. Таа рече дека акцијата била пробиена. 

Слично

Поврзани вести