Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата распиша меѓународна потерница за Анџело Ѓорѓиевски првоосомничен за убиството на Тот

Полицијата распиша меѓународна потерница за Анџело Ѓорѓиевски првоосомничен за убиството на Тот

Полицијата распиша меѓународна потерница за првоосомничениот Анџело Ѓорѓиевски, за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница покрај централниот распис за Ѓоргиевски, роден на 13 јануари 1994 година во Скопје, каде и живее на улица број 9 број 5 во село Волково. Тој се бара по наредба број 1211/22 од 12 април на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело убиство.

Ракометарот и девојката која крвнички го клоцаше по главата, се познавале од претходно. Меѓусебно недоразбирање најверојатно е причина за тепачката која заврши трагично. 

Меѓу нив имало расправија, потврди МВР и тоа најверојанто е поводот за нападот, во кој Тот ќе ги добие смртоносните повреди. Ниту еден од седумтемина сведоци, обезбедувањето во клубот и такси возачот, не пријавиле на 192.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за нападот на починатиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Привилиџ“ вели дека полицијата не можела брзо да реагира  затоа што никој не го пријавил случајот од самото место на настанот, кој резултираше со две уапсени лица. 

Македонски 24 инфо пренесува дека Георгиевски, главниот осомничен за претепувањето на Тот, е осуден за трговија со дрога во Словенија. Во 2016 година удрил во пет паркирани автомобили во Марибор и побегнал, но полицијата го фатила, објави Индекс.хр. 

Слично

Поврзани вести