Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата распиша централна потерница за Ремзи Мифтари, осуден за несреќата кај Ласкарци

Полицијата распиша централна потерница за Ремзи Мифтари, осуден за несреќата кај Ласкарци

Полицијата распиша централна потерница за Ремзи Мифтари, второосудениот за автобуската несреќа со Дурмо турс. 

Лицето се бара за издржување на затворска казна во рок од 10 години во КПУ затвор Идризово. 

Ремзи Мифтари се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и сообраќајот, во согласност со член 300, став 2 од Кривичниот законик. За овие дела му е изречена казна затвор од 10 години, чие издржување го одложуваше пред бегството со медицинска документација во која наведувал здравствени проблеми, односно хернија на тестиси. 

Несреќата кај Ласкарци се случи во 2019 година, при што загинаа 16 лица, а околу 30 беа повредени.

Слично

Поврзани вести