Полицијата пронајде возило кое денеска е одземено од сопственикот
Во Бутел денеска е пронајден автомобил „ауди", сопственост на Р.Ф., кој околу 15.00 часот во Полициска станица Чаир пријавил дека возилото му е одземено. Според пријавеното, тој возилото го оставил со клучеви во брава, пред угостителски објект во Скопје Север, по што возилото му е одземено.
По добиената пријава, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Чаир веднаш излегле на терен и по преземени мерки и активности го пронашле возилото паркирано на улицата „Гвадалахара". По извршениот увид одземеното возило ќе биде вратено на сопственикот.
Слично
