Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата пронајде 800 килограми храна со изминат рок кај возач од Арачиново и магацин од Романовце

Полицијата пронајде 800 килограми храна со изминат рок кај возач од Арачиново и магацин од Романовце

МВР при контрола во камион и магацин пронајде 800 килограми прехрамбени артикли со изминат рок на траење и празна амбалажа за пакување. Пронајдената стока, од Агенцијата за храна и ветеринарство е прогласена за небезбеден производ. 

Вчера претпладне полицајци на СВР Куманово прво пронашле 200 килограми од храната кај А.Б.(43) од Арачиново при контрола на неговото возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.

Храната потекнувала од магацин на подрачјето на Гази Баба, сопственост на Б.М.(45) од Романовце, кумановско, каде што биле пронајдени дополнителни околу 600 килограми прехранбени артикли. Сопственикот на магацинот признал дека храната е негова.

Со сопственикот на магацинот бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.


Слично

Поврзани вести