Полицијата пронајде 15 килограми дрога во кумановско
Претреси се направени во кумановско, при што се пронајдени 15 килограми дрога.
Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опадни материи, денеска во координација со Одделот за специјални операции, по преземени заеднички координирани мерки и активности, ги уапси А.С. (28) од селото Романовце, кумановско, Д.Ц. (30) и Д.И. (29), двајцата од Куманово, поради постоeње основи на сомнение дека сториле кривично дело недозволена трговија со дрога.
„Имено, по издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Куманово за претрес во дом и други простории, денеска е извршен претрес во домот на А.С. во с. Романовце, при што во помошна просторија се пронајдени две торби со три големи полиетиленски пакувања, во кои има околу 15 килограми наркотична дрога марихуана. На лице место биле затекнати Д.Ц. и Д.И. кои, исто така, се лишени од слобода и по издадена судска наредба, извршени се претреси и во нивните домови“, информираат од полицијата.
До Основното јавно обвинителство Куманово утре ќе биде поднесена кривична пријава против две лица, поради постеоње основи на сомнение дека го сториле кривичното дело предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.