Полицијата приведе уште едно лице за фрлање молотови коктели пред Собранието
Полицијата уапси уште едно лице за фрлање молотови коктели пред Собранието.
А.Ф. пред неколку дена, заедно со веќе приведениот Ј.С., кој со кривичната пријава издржува и мерка притвор, започнал да подготвува „молотови коктели” и да фрла со нив кон полициските службеници и кон објектот на Собранието. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, А.Ф. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него, велат од полицијата. Тој е изнесен пред Јавен обвинител за понатамошна постапка. Досега имаше повеќе приведени за инцидентите кои се случија минатата недела на проестите против францускиот предлог. Проестите продолжуваат, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски повика граѓаните да протестираат на мирен и демократски начин.
