Полицијата приведе три лица кои се бореле за ИСИС
Полицијата приведе тројца македонски државјани кои се бореле за ИСИС.
Македонското Биро за јавна безбедност-Сектор за борба против тероризам, во координирана акција со Агенцијата за национална безбедност, уапсиле три лица македонски државјани, кои во текот на 2014 година на територија на Сирија се приклучиле во вооружените формации на терористичката организација Исламска држава ИСИС и како борци активно учествувале во воените дејствија. Тие се на возраст од 26 до 33 години. Пошироката полициска акција е спроведена на територија на Македонија и Франција, при што се лишени од слобода две лица во нашата држава и едно лице во Франција, а сите се државјани на Македонија. Полицијата при претреси во нивните домови и други простори пронашла и одземала огнено оружје, муниција, мобилни телефони и други електронски уреди. Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска (12.05.2023) поднесе кривична пријава против наведените лица за сторено кривично дело „служба во непријателска војска“. Проценките говорат дека 143 граѓани на Македонија во последните години патувале или се обиделе да отпатуваат во Сирија и во Ирак за да им се придружат на терористичките групи.
