Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата приведе скопјанец кој се заканувал на мајка му и малолетната ќерка

Полицијата приведе скопјанец кој се заканувал на мајка му и малолетната ќерка

Приведен e скопјанец кој се заканувал на неговата мајка и малолетна ќерка.

Пред два дена во 13.50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Г.К.(50) од Скопје, затоа што упатувал закани на неговата 76 - годишна мајка и неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Пред неколку дена имаше пријава за скопјанец кој со нож се заканувал на сопругата, но и за гостиварец кој ја тепал сопругата и мајката. 

Последниве месеци имаше два фемициди во земјава, во Куманово и во Кочани. 

Слично

Поврзани вести