Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата приведе осомничен за палењето на автомобилот на пратеникот Петар Ристески

Полицијата приведе осомничен за палењето на автомобилот на пратеникот Петар Ристески

Полицијата приведе осомничен за палењето на автомобилот на пратеникот Петар Ристески. 

Во Прилеп во текот на изминатата ноќ е опожарен автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ристески при што огнот го зафатил и автомобилот на неговиот татко. 

За случајот на Фејсбук информираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки кој вели дека станува збор за „кукавички чин зад кој стојат платеници инспирирани од предавничкото раководство на СДСМ“. СДСМ го осуди палењето на автомобилот, а Ристески повика полицијата да го расчисти случајот. Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, на денешната прес-конференција посочи дека е згрозен од информацијата за опожарените автомобили на пратеникот Петар Ристески. Кажа дека ова е чин за најголема осуда, бидејќи, да се стават во опасност животите на едно седумчлено семејство, во кое има стари лица и малолетни деца, е еднакво на лудост.

Слично

Поврзани вести