Полицијата приведе маж од Горно Оризари поради предизвикување пожар
Жител на Горно Оризари е приведен заради предизвикување пожар.
Во велешкото село Горно Оризари, полициски службеници синоќа го привеле 46-годишниот Е.Л., кој со запалка запалил сува трева на отворен простор, по што избувнал пожар. Веднаш по избувнувањето на пожарот на терен интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, која успеала брзо да го локализира и изгасне огнот.
Осомничениот е приведен во полициската станица, а за случајот бил информиран јавен обвинител. Од Министерството за внатрешни работи информираат оти по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
И претходно летово имаше уапсени за подметнување пожари.
Македонија со недели се бори со пожари во повеќе региони.
Слично
