Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата повторно го приведе Јане Ченто за Крвавиот четврток

Полицијата повторно го приведе Јане Ченто за Крвавиот четврток

Јане Ченто, еден од учесниците во насилните протести на Крвавиот четврток кога дојде до упад во Собранието на Република Македонија, утрово повторно е приведен од страна полицијата.

Според првичните информации Јане Ченто е одведен во притворското одделение на истражниот затвор во Шутка. 

Ченто веќе еднаш беше во Шутка, но по одлука на скопска Апелација Ченто на 21 февруари беше пуштен во домашен притвор и му беше одземен пасошот.

Се очекува Кривичниот суд да даде официјална информација за повторното приведување.

Според обвинението, на 27 април Ченто добил повик од Александар Василевски - Нинџа веднаш по повикот од Виена и заедно со обвинетите Игор Југ, Маден Додевски, Захарие Симовски, Михаил Младеновски и Дејан Давидовски го мобилизирале членството за да влезат во Собранието.


Слично

Поврзани вести