Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИЦИЈАТА ПОВИКУВА: Сите што се жртви на злоупотреба од Јавна соба да пријават, Телеграм е затворена за соработка

ПОЛИЦИЈАТА ПОВИКУВА: Сите што се жртви на злоупотреба од Јавна соба да пријават, Телеграм е затворена за соработка

Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки за расчистување на случајот. 

Ова го изјавија од МВР на барање на Фактор.

Од Полицијата велат дека секој граѓанин што е жртва на ваква злоупотреба, тоа треба да го пројави во најблиската полициска станица. 

„Го повикуваме секој граѓанин што е жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица, а МВР во координација со обвинителството презема соодветни мерки“, велат од Министерството за внатрешни работи.

МВР нагласува дека презема активности за расчитување на случајот, а ќе продолжат и со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата Телеграм.

„Таа платформа досега демонстрира цеосна затвореност за соработка со владите на државите од која било земја.Се разбира, ги користиме сите други активности кои ни се на располагање за расчистување на овој случај“, се вели во дописот од Полицијата.

Слично

Поврзани вести