Полицијата поднесе пријава за сопственикот на коњот кој го загрози сообраќајот
Полицијата соопшти дека е пронајден сопственикот на коњот кој со запрега трчаше во спротивна насока на автопатот Скопје - Тетово и ја загрози безбедноста во сообраќајот.
-Во СВР Тетово беше пријавено дека по автопатот Тетово-Скопје, на потегот од клучката за Брвеница кон Требошки натпатник, во спротивна насока, без надзор и контрола, сам се движи коњ со запрега. Kоњот со запрега е фатен и однесен во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово. Набрзо е идентификуван и повикан сопственикот Н.К.(53) од Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Се расчистува случајот, по што против Н.К. ќе следува соодветен поднесок“, информираат од СВР тетово.
Вчера полициска потера го сопре незаузданиот коњ по неколку километри трчање во спротивна насока.
