Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата поднесе пријава против новинар кој му се заканувал на Христијан Мицкоски

Полицијата поднесе пријава против новинар кој му се заканувал на Христијан Мицкоски

Поднесена пријава против Б.Т. кој на 13 април објавил статус со навредлива и заканувачка содржина кон претседател на политичка партија, објави Министерството за внатрешни работи.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Oсновното јавно обвинителство–Скопје поднесе кривична пријава против Б.Т.(68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “загрозување на сигурноста“ и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Имено пријавениот преку социјалната мрежа Фејсбук на 13.04.2020 објавил статус со навредлива и заканувачка содржина кон претседател на политичка партија, стои во објавата.

На тој датум медиумите објавија дека новинарот Бранко Тричковски објавил пост со закани кон лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.


Слично

Поврзани вести