Полицијата подготвува посебни планови за Велигден и 1 Мај
Полицијата подготвува посебни планови за Велигден и 1 Мај.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски повика граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од ковид.
„Да се придржуваме до мерките, оваа година тие се порелаксирани од лани, но состојбата не е. Имаме сериозна состојба и треба да останеме сериозни. Апелирам да бидеме одговорни, да празнуваме во кругот на семејствата, да не се групираме во верските објекти и така да дадеме придонес во зачувување на здравјето на граѓаните“, изјави Спасовски.
Има забрана на групирање на повеќе лица од четири и има посебни протоколи за организација на настани што би се одвивале на отворен простор.
Од утре полицискиот час ќе почнува во 21 часот и ќе трае до 5 часот наутро. Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за време на Рамазан Бајрам.
