Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата почна со опомени за маските, ќе следуваат и казни

Полицијата почна со опомени за маските, ќе следуваат и казни

Полицијата опоменала девет лица кои не носеле маска или друга заштита како што препорача Владата, соопшти МВР. 

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР во целата држава 29 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 23 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на 84 лица им се издадени решенија за изолација, а ист број на лица - 84  потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. 

Во државен карантин се спроведени 23 лица.


Слично

Поврзани вести