Полицијата почна истрага за неукажување медицинска помош на Кардиологија на мајката на Петар Богојески
Полицијата почнала истрага на државната Клиника за кардиологија за неукажување медицинска помош на мајката на политичарот Петар Богојески, потврдија од МВР за „Слободен печат“.
Истрагата се води против медицинската сестра што го пријави Богојески дека ѝ се заканувал. Политичарот категорично негира дека се заканил или нападнал медицински работник, додавајќи дека и покрај тоа што сведочел негрижа, ненавременост, протекционизам и кршење на Хипократовата заклетва, сепак решил институционално да се спротистави на партиското вработување на некомпетентни и несовесни кадри, откако најнапред ќе се погрижи за здравствената состојба на неговата мајка.
Слично
