Полицијата фатила три нерегистрирани камиони-миксери на Нефи Усеини
Полицијата фатила дури три камиони-миксери за бетон во сопственост на компанијата на поранешниот советник на ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усеини, кои биле нерегистрирани.
Со новото законско решение, полицијата подигнува технички неисправни возила или пак такви кои учествуваат во сообраќајот со истечена сообраќајна дозвола повеќе од шест месеци.
Камионите на Усеини, кој по последната физичка пресметка во Охрид повеќе не е член на Советот, биле нерегистрирани со месеци, па и со години, објави СДК.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека до вчера претпладне со оваа нова мерка се одземени 26 возила.
Усеини, покрај по физичките пресметки, е познат во Охрид и по дивоградбите.
Слично
