Полицијата одзеде „бмв“ од возач кој кренал 244 киломeтри на час
Полицијата лиши возач од Батинци и му го одзеде „бмв“-то со кое возел 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното.
- На 13.06.2026 во 20:00 часот на автопат Скопје - Гевгелија, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.Р.(21) од село Батинци, општина Студеничани. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека И.Р. управувал патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 244 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час, објави МВР.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки возилото е одземено. По документирање на случајот против И.Р. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297- а - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Слично
