Полицијата објави колку ќе изнесуваат казните кои ќе бидат изречени за прекршоци откриени со „Безбеден град'
Од 45 до 500 евра изнесуваат казните за прекршоците кои ќе бидат изрекувани од 1 февруари преку проектот „Безбеден град“.
Преку системот се санкционираат повеќе видови прекршоци:
Пречекорување на брзината во населено место, каде глоби се движат од 15 до 300 евра, а за најтешките прекршоци следи и забрана за управување од три до дванаесет месеци. Надвор од населено место, глобите за прекумерна брзина се утврдени од 20 до 300 евра, со истата мерка на одземање на правото за управување.
За поминување на црвено светло е пропишана глоба од 250 евра и забрана за управување моторно возило во траење од три до дванаесет месеци.
Системот санкционира и непрописно паркирање, при што казните варираат од 25 до 180 евра во зависност од тежината и локацијата на прекршокот, како и учество во сообраќај со нерегистрирано возило, за што глобата изнесува 500 евра, односно 100 евра ако сообраќајната дозвола е истечена до 30 дена.
Од МВР потсетуваат дека доколку глобата се плати во рок од осум дена, казната се намалува за 50 проценти, а во случаи кога е изречена и забрана за управување, таа се определува во половина од пропишаниот рок.
