Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИЦИЈАТА НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Човекот кој влечеше куче се извини и кажа што се случило

ПОЛИЦИЈАТА НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Човекот кој влечеше куче се извини и кажа што се случило

Човекот кој го влечеше кучето со автомобил во Крива Паланка, за здружението „Happy Paws“ објаснува дека немал намера да го повреди ниту мачи, туку кучето скокнало од прозорец. Тој објасни дека го транспортирале кучето во викендица, а било вдомено пред еден месец.

„Кучето беше ставено во бажаникот на колата. Го скокна седиштето и се скина ланчето на него. И скокна од прозорот, бев на кривината, не смеев да застанам. И затоа ја намалив брзината, за да ме видат и заобиколат сите, излегов на пошироко за прегледност, го земав кучето го подигнав и застанав на страна“, вели тој.

Тој се извини јавно и посочи дека не сакал тоа да се случи.

Инаку,  против 23-годишникот од Крива Паланка се води истрага поради сомнение дека сторил кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик.

„Полициската управа Крива Паланка е известена дека на социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како во Крива Паланка, куче е врзано за патничко возило во движење и кучето е принудено да се движи. Полициските службеници презедоа соодветни мерки и активности и е утврдено дека сопственик на автомобилот и на кучето е А.А. (23) од Крива Паланка“, велат од Министерството за внатрешни работи(МВР).

„Анима Мунди“ вели дека волонтери од оваа организација веднаш излегле на терен за да ја проверат состојбата на животното, при што пронашле бројни повреди на неговото тело и побарале животното да му се одземе на сопственикот поради тортура.

И претходно во земјава имаше случаи на мачење на животни. 


Слично

Поврзани вести