Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПОЛИЦИЈАТА НА ПОЛНОЌ ПРАВИ ПРЕТРЕС НА 57 ГОДИШНА БОЛНА ПРОФЕСОРКА, ВО ЧАИР НЕ СМЕАТ ДА ПИСНАТ“: Се огласи Арсовска за дивоградбите и инцидентот во Демир Хисар

„ПОЛИЦИЈАТА НА ПОЛНОЌ ПРАВИ ПРЕТРЕС НА 57 ГОДИШНА БОЛНА ПРОФЕСОРКА, ВО ЧАИР НЕ СМЕАТ ДА ПИСНАТ“: Се огласи Арсовска за дивоградбите и инцидентот во Демир Хисар

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со остра реакција за синоќешниот претрес во домот на диреторката на средно училиште во Демир Хисар, потенцирајќи дека во Чаир никој не влегол и покрај тоа што донела докази.
„Полиција на полноќ во Демир Хисар, прави претрес во дом на 57 годишна професорка за да ја сменат од директорска позиција на ден пред избори. Жената насилно иако лежи болна, ќе ја носеа на распит на полноќ во полициска станица да кажела каде е печатот, иако законски не можат да ѝ врачат решение за да ја разрешат додека е на боледување.

Во Чаир со над 3200 страни докази за фалсификати, кривични пријави и сведоштва, 3 месеци не се помрднуваат, не смеат да писнат. МВР и Обвинителство не смеат да постапуваат во Чаир, каде македонските закони не важат, ама затоа во Демир Хисар на полноќ тероризираат возрасна жена, педагог, без дамка во професионалната кариера.

Вие скенирајте фискални и плаќајте си даноци.


Слично

Поврзани вести