Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата на денот на изборите не казнила никого за неносење заштитна маска?

Полицијата на денот на изборите не казнила никого за неносење заштитна маска?

Иако во средата вечерта имаше масовни собири и партиски веселби по затворањето на гласачките кутии и објавувањето на првите резултати од изборите, истиот ден во евиденцијата на МВР нема ниту една казна за неносење заштитна маска.

Соопштенијата на полицијата велат дека на 14/15 јули имало 104 прекршоци, на 16/18 јули имало 218, а на 17.18 јули 283 казни. Единствено нема евиденција за 15/16 јули.

На прашањето на ТВ21 до МВР дали вечерта бил казнет некој од партиските симпатизери и активисти, од таму се повикуваат на соопштението од 14/15 јули со 104 прекршоци, но тоа не го опфаќа попладневниот и вечерниот дел од денот.

Слично

Поврзани вести