Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата му поднесе кривична пријава на кумановецот кој го малтретирал семејството

Полицијата му поднесе кривична пријава на кумановецот кој го малтретирал семејството

Полицијата му поднесе кривична пријава на таткото на девојката од Куманово која молеше да го сместат во психијатриска болница. 

Полицијата поднесе кривична пријава за „загрозување на сигурноста“ против таткото на девојката од Куманово, која преку социјалните мрежи јавно ги молеше институциите да го згрижат бидејќи бил насилен кон семејството поради душевно растројство и aлкохолизам.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.Ц. (56) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста по член 144, став 3 од КЗ. Пријавениот подолг период, под дејство на алкохол, вршел психичко и физичко насилство врз членовите од неговото семејство, а на 11 јули 2026 година психички ја малтретирал својата сопруга и се обидел физички да ја нападне. П. Ц. е пренесен во Психијатриската болница Демир Хисар“, соопштуваат од полицијата.

Девојката раскажа дека со години живее во страв поради својот татко, кој, според нејзините тврдења, има проблеми со алкохол и психички нарушувања. 

Слично

Поврзани вести