Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата му поднесе кривична на судијата Ристов - за што ќе го гонат?

Полицијата му поднесе кривична на судијата Ристов - за што ќе го гонат?

Mинистерството за внатрешни работи(МВР) поднесе кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов.

Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53) од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ.

Ристов  во својство на службено лице- судија во Апелациониот суд Скопје, во временскиот период од 10 февруари 2020 до денес, спротивно на законската должност за пријавување на имотна состојба или нејзина промена дал лажни податоци за својот имот и имот на неговото семејство, кој имот во големи размери ги надминува неговите законски приходи.

На 18 јануари 2026, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во координација со предметен јавен обвинител извршен е претрес во домот на неговите родители лоциран во Неготино, каде на првиот кат, поточно во кујнската просторија, биле забележани сомнителни околности за изведување на градежни активности (корекција на ѕидните плочки), по што при отстранување на една ѕидна керамичка плочка забележана е дупка во која се наоѓале алуминиумски ролни во форма на цилиндер, спакувани во поединечни 13 пакувања, во кои пронајдени се вкупно 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти во апоени од по 200 евра, или вкупно 350.000 евра.

За одземање на имунитетот на судијата Ристов и одобрувањето на одлуката тој да оди во куќен притвор „за“ гласаа сите десет присутни членови на Судскиот совет на денешната итна седница.

Слично

Поврзани вести