Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата му одзеде мобилен на осомничен кој им се заканувал на Арнаудов и Василевски

Полицијата му одзеде мобилен на осомничен кој им се заканувал на Арнаудов и Василевски

Полицијата му одзеде мобилен заради вештачење на Охриѓанец кој упатувал закани до пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, кои живеат во истиот град и се под 24-часовна заштита на МВР откако како пратеници од опозицијата во петокот гласаа за уставни измени во согласност со преспанскиот договор на собраниската седница.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против M.K. (27) од Охрид, поради објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ со која се предизвикува загрозување на сигурноста на пратеник, односно поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по загрозување на сигурност.

По насоки на Основното јавно обвинителство Охрид, во понеделникот М.К. е повикан во полициска станица, каде појаснил дека објавата ја направил од својот мобилен телефон, кој е одземен за понатамошно вештачење.

МВР упати повик секој кој добива закани на Фејсбук да пријави во најблиската полициска станица.


Слично

Поврзани вести