ПОЛИЦИЈАТА МОРАЛА ДА ИНТЕРВЕНИРА: Заразен со корона не дозволувал персоналот да влезе во болничка соба
Кумановецот С.В.(60) заразен со коронавирус деновиве агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал.
Полицијата со заштитна медицинска облека морала да интервенира во ковид-центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“, затоа што на 3 декември пациентот агресивно се однесувал. Тој не сакал да ги пушти медицинските лица да влезат во неговата болничка соба. По полициската интерценција лицето се смирило, а службениците направиле записник за констатиран прекршок.
Слично
