Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИЦИЈАТА „ЛАПНА“ БМВ, СЕАТ ИБИЦА И ФОЛКСВАГЕН ГОЛФ - газдите учествувале во диви трки на автопатот Тетово-Скопје

ПОЛИЦИЈАТА „ЛАПНА“ БМВ, СЕАТ ИБИЦА И ФОЛКСВАГЕН ГОЛФ - газдите учествувале во диви трки на автопатот Тетово-Скопје

Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на сообраќајот Тетово откри и времено одзеде три патнички возила, поради сомнение дека учествувале во таканаречени "диви" трки на автопатот Тетово-Скопје, во непосредна близина на Требошки  натпатник. 

„Притоа, одземени се: "бмв" со странски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(27) од Гостивар, "сеат ибица", со тетовски ознаки што го управувал 28-годишниот А.Ш. од Скопје и "фолксваген голф", со  скопски ознаки, управувано од У.С.(21) од Тетово. Одземена, исто така, е и возачка дозвола од Л.А.(39) од Швајцарија, кој го управувал патничкото моторно возило "бмв". По целосно расчистување на сите поединости околу случајот, на инволвираните ќе им се изготват соодветни поднесоци“ се вели во соопштението од МВР.

Слично

Поврзани вести