Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата ќе поднесе пријава за Јанко Бачев

Полицијата ќе поднесе пријава за Јанко Бачев

Полицијата постапува по вчерашниот протест во Охрид каде демонстранти се собраа пред куќите на пратениците Љубен Арнаудов и Сашо Василевски. Демонстрантите извикуваа говор на омраза, ги нарекуваа пратениците предавници, изроди и им се закануваа со висење на бесилка. Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, вербално го нападна Василевски по што полицијата мораше да интервенира и да го тргне настрана.

Од МВР велат дека во соработка со Основното јавно обвинителство постапуваат по случувањата и се работи на собирање на докази. Откако ќе заврши постапката на прибирање докази, ќе се поднесат соодветни пријави. 

Бачев веќе еднаш е повикан во полиција на разговор поради закани кон пратениците. Тој ги предупреди пратениците дека нема да стигнат ниту до граница доколку гласаат за промени во Уставот. 

Слично

Поврзани вести