Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата ќе поднесе кривична пријава против пет лица за орото во Чаир

Полицијата ќе поднесе кривична  пријава против пет лица за орото во Чаир

Министерството за внатрешни работи ќе поднесе кривична  пријава против пет лица за орото во Чаир. 

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство во Скопје, ќе поднесе кривична пријава против П.Ќ. (50), А.З. (46), Е.Е. (36), Е.Е. (57) и Б.Д. (28) сите од Скопје, поради постоење основано сомнение дека на 24-ти минатиот месец предизвикале опасност од пренесување на вирусот Ковид -19,  со што го сториле кривичното дело – “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено и казниво по член 206 од Кривичниот законик на РСМ. 

Тие на 24 мај годинава во периодот помеѓу 9 и 10.30 часот, на ул. “Архиепископ Доситеј”, поточно пред зграда бр.6 поради празнично расположение од верскиот празник, се собрале во поголема група од дозволеното играјќи оро, со што ја прекршиле забраната на собирање во група на повеќе од две лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини, како и Уредбата за задолжително носење на заштитна маска и држење на социјална дистанца, а со наведените дејствија предизвикале опасност од пренесување на вирусот Ковид - 19. 

За кривично правниот настан, за кој МВР дозна од видео поставено на социјалните мрежи од страна на пријавените, известен е Јавен обвинител од кого се добиени насоки за постапување согласно член 206 од КЗ. 

По преземените мерки за идентификување на лицата од видео записот, утврдени се сите петмина пријавени и истите се повикани во Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар за да дадат појаснување за стореното кривично дело кое им се става на товар при што само Б.Д. го негирал извршувањето на кривичното дело.

Слично

Поврзани вести