Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата ќе го истражува случајот со украдениот индентитет за спорните песни со сексистичка содржина?

Полицијата ќе го истражува случајот со украдениот индентитет за спорните песни со сексистичка содржина?

Полицијата ќе го истражува случајот со украдениот идентитет за песните со дискриминаторска содржина и говор на омраза, објавени во збирката поезија од проектот „Млади поети“, на Агенцијата за млади и спорт. 

Директорот на Агенцијата, Дарко Каевски вели дека полицијата покренува постапка за овој случај.

Професорот кој конкурирал во неколку наврати јавно искажа дека песните ги пријавил со туѓ идентитет. 

Двете песни „Партиски вработена“ и „Моите соседи“ се потпишани од Даниел Пиљаковски кој демантираше дека тој ги напишал. Пиљаковски изјави дека неговото име е злоупотребено од професорот по математика Александар Блажевски кој јавно призна дека тој е всушност авторот на стиховите, а целта поради коај го направил тоа, како што кажа била опомена за моралните недостатоци во едно општество.
Членовите на комисијата за избор на песните во збирката поезија  и директорот на секторот за млади во агенцијата се главните виновници за скандалот со издавањето на книгата, рече Каевски. 
Песните кои предизвикаа скандал беа полни со сексистички елементи. 

Слично

Поврзани вести