Полицијата казни пратеник, зборувал на мобилен додека возел
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е казнет пратеник, кој зборувал на телефон додека вози.
„Полициски службеници од СВР Скопје денеска (18.01.2021) му врачија платен налог на пратеникот М.К., кој го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувал своето возило на патот Куманово-Скопје“, соопштија од МВР.
Од таму не соопштија колку ќе го чини Костовски платниот налог, но апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Слично
