Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата ја уапси сопругата на Шахини од ДУИ кој беше ранет во Куманово

Полицијата ја уапси сопругата на Шахини од ДУИ кој беше ранет во Куманово

Сопругата на лекарот и носител на советничка листа на ДУИ, Зеќирија Шахини, кој вчера беше ранет со пиштол во центарот на Куманово, е уапсена, соопшти денеска полицијата.  За тетовчанката А.А. има сомневања дека е вмешана во обидот за убиство на нејзиниот сопруг.

Маскиран човек со пиштол се доближи до неговиот автомобил и пукаше, ранувајќи го во ногата.

„На 07 октомври 2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско. Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес“, велат од полицијата.

Оттаму додаваат дека осомничениот за пукањето, 36-годишен гостиварец, е во бегство.

„По целосно документирање на случајот, против А.А ќе следува соодветна пријава, додека против Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и се уште е во бегство, по консултација со Основното јавно обвинителство, исто така ќе биде поднесена кривична пријава“, додаваат од полицијата.

Нападнатиот Шахини е носител на советничката листа на ДУИ во Липково на претстојните локални избори.

Слично

Поврзани вести