Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИЦИЈАТА ЈА ОТКРИ ПРИЧИНАТА - еве што го запали автобусот на автопатот Скопје-Штип

ПОЛИЦИЈАТА ЈА ОТКРИ ПРИЧИНАТА - еве што го запали автобусот на автопатот Скопје-Штип

МВР излезе со детали за автобусот кој се запали вчера на автопатот Скопје-Штип. 

Велат дека пожарот настанал кај дел од моторот на автобусот, кој бил управуван од 56 годишен возач. 

„На 04.09.2020 околу 13.00 часот на автопатот Скопје-Штип, во автобус „даф“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Б.Г.(56) од Штип, во кој немало патници настанал пожар во делот кај моторот. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Свети Николе. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Свети Николе.“, се вели во соопштението од МВР.

Слично

Поврзани вести