Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата извлекуваше завеани во прилепско Вепрчани, не можеле да излезат од саботата

Полицијата извлекуваше завеани во прилепско Вепрчани, не можеле да излезат од саботата

Полициски службеници извлекоа шест лица завеани во прилепското село Вепрчани, кои биле од Кавадарци.

Акцијата се случувала попладнево со полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ во соработка со екипа на Територијалната противпожарна единица.
Тие поради снежни наноси не можеле да излезат од селото од саботата, а таму отишле истиот ден.

„Сите биле затекнати во добра здравствена состојба. Со возила на граничната полиција и на противпожарната единица тие биле однесени во Прилеп од каде заминале во своите домови во Кавадарци“, соопшти МВР.


Слично

Поврзани вести