Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата изнесува тутун од Љуботен, Алијансата на Албанците повикува да се остават селаните на мир

Полицијата изнесува тутун од Љуботен, Алијансата на Албанците повикува да се остават селаните на мир

Алијансата за Албанците ги повика полициските сили да ги остават на мир селаните од скопскоцрногорскиот Љуботен затоа што продажбата на тутун за виткање им е единствен приход за егзистенција. Утрово полицијата ги претресуваше речиси сите куќи каде што има складиран тутун на црно и со камиони го изнесува од селото. Некои од жителите доброволно го изнесуваа на улица.

„Правото на живот е дадено од Бога и негирано од Владата, ова е моменталната ситуација во селото Луботен. Неприфатлива е реакцијата на воените полициски сили во селото Луботен, негирајќи го правото на живот. Не нуди работни места, не инвестира, не создава инфраструктурни врски, не нуди перспектива и ги спречува напорите за подобар живот. Ова е слично со мерките по Втората светска војна, насочени кон раселување на Албанците од нивните земји“, се вели во реакцијата на Алиансата за Албанците.

Инаку жителите на селото се жалат на нехуман однос на државата, односно на лошѓата инфраструктура и тешктата економска ситуација која, како што велат тие, ги оневозможува да најдат пристојна работа.

Од друга страна, експертите и комората претходно се пожали дека дрќавата губи огромни пари од продажбата на тутун на црно и дека се создава нелојална конкуренција.

Слично

Поврзани вести